ВИДЕО- Лукароска: Небулоза е да го шетате низ чаршија Панче Тошковски, во чиј мандат во Прилеп се запалени 30-на автомобили, се фрлаа бомби во угостителски објекти и домови

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Обземени од желбата за власт, но и исплашени од нејзиното губење, ДПМНЕ и нивните кандидати за градоначалници и советници забораваат дека во политиката, исто како и во животот, треба да се има и лице, и образ, и обзир. Господа од ДПМНЕ, чиста небулоза е да го шетате низ чаршија Панче Тошковски, министерот во чиј мандат во Прилеп се запалени триесетина автомобили, фрлени се бомби во угостителски објекти и во домови на наши сограѓани, истакна на денешната прес конференција Петра Лукароска, кандидатка на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Прилеп.

„Тешко лицемерие е да зборувате за „грижа за младите“, кога општина Прилеп е меѓу ретките во државата во која не постои Младински центар. Со тоа, не само што го прекршивте Законот за младинско учество и младински политики, туку покажавте и непочит кон сите млади.

Исто како и пред 4 години, и денес ветувате изградба на градинка. Истото ветување, истата градинка, на истата локација како и тогаш. Кој може да верува во вакво ветување кажано од истите оние на кои им требаа три и пол години да стават во функција речиси изградена градинка, наследена од претходната локална власт на СДСМ?

Со кое лице ветувате реконструкција на улици, кога за 4 години потрошивте над 100 милиони евра а улиците ги оставивте изрешетени со дупки како кратери?

Нели ви е незгодно да се сликате на спортски натпревари, кога токму вие сте тие кои го уништија прилепскиот спорт а „Победа“ ја избришаа од фудбалската мапа?

Како ќе им објасните на граѓаните дека вие и вашите партиски директори ги поскапевте данокот на имот, водата, комуналните услуги, градскиот превоз, но и покрај тоа сите 4 јавни претпријатија станаа загубари со финансиска “дупка“ поголема од 2 милиони евра?

И сето ова се случи за време на вашето владеење со општина Прилеп, период во кој сите конци ги влечеа градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Совет и претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ, Дејан Проданоски.

Четиригодишната агонија во режија на тандемот Јовчески – Проданоски, прилепчани нема така лесно да ја заборават“, рече Лукароска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми