Отворена изложбата „Падот на ангелите“ од уметникот Никола Пијанманов

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

„Падот на ангелите“ е изложбата на слики од уметникот Никола Пијанманов, што беше отворена во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Уметникот се претставува со 18 слики.

На отворањето на изложбата уметникот Никола Пијанманов  и Александар Еленин, главен и одговорен уредник на „Стремеж“, водеа дијалог за паднатите, за очајот и за последното возвишено воинство.

„Ги гледаме сите беспомошни и безмилосно згазени, сите луди војни и грозоморни геноциди, сета светска неправда и безумие, сиот систематски хаос и пекол кој ни ја краде сегашноста и убива иднината. И токму за сите тие беспомошни – за девојчето чија солза е единствен знак на живот врз од смрт преплашеното лице, за очајните и болните по болничките чекалници, за проколнатите без никаква вина, за сите избодени, скршени и паднати ангели во и околу нас, за сите згаснати соништа и радости – за сите нив овие слики гласно молчат“, ќе забележи Еленин пишувајќи за изложбата.

Никола Пијанманов, има реализирано бројни самостојни и групни изложби во земјава и странство. Остварил студиски уметнички престои во Париз и во Њујорк, а реализирал повеќе сликарски проекти во претстави, илустрирал книги, изработил дела во јавен простор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми