ВИДЕО- Чупетрески: Денешната борба е против неправдата, корупцијата и партиските окови, ние „Независните“ се кренавме за независност на граѓаните

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


11 Октомври е симбол на храброста и решителноста на македоскиот народ да се избори за слобода и достоинство. Тоа беше почеток на борба против потчинетоста, а денес борба против неправдата, корупцијата и партиските окови, рече Борче Чупетрески, независен кандидат за градоначалник за Прилеп.

„Како што нашите предци се кренаа за независност на државата, така ние „Независните“ се кренавме за независност на граѓаните од партиските притисоци, од поделбата и од стравот. 11 Октомври нека биде почеток, дека секоја генерација има своја борба за слобода, нашата е политичка независност. 19 октомври нека биде почеток на нова независна политичка ера на општина Прилеп. Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание во Македонија“, рече Чупетрески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми