ВИДЕО- Ристеска: Нашата визија за современ Прилеп е создавање зелена, чиста и енергетски ефикасна општина

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Зелена, чиста и енергетски ефикасна општина, тоа е нашата цел и визија за современ Прилеп! Иднината на Прилеп е во создавање зелена, чиста и енергетски ефикасна општина. Нашата цел е да изградиме град кој ќе се развива одржливо, ќе штеди енергија и ќе обезбеди поквалитетен живот за сите граѓани, истакна на денешната прес конференција Билјана Ристеска, кандидат за советник за Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во рамките на оваа визија, се залагаме за неколку клучни проекти и мерки кои што ќе ги спроведиме:

-Реконструкција или поставување ново осветлување , таму каде што немало досега, во приградските и руралните населени места, затоа што секој граѓанин заслужува безбедност и пристојни услови, без разлика дали живее во центарот или во најоддалеченото село.

-Смарт-осветлување за паркови и јавни површини. Ова е современ систем кој ќе овозможи рационална потрошувачка на енергија и подобра видливост во сите делови на градот.

-Подобрување на енергетската ефикасност во јавните објекти. Воведување системи за енергетски менаџмент кои ќе овозможат помала потрошувачка и повеќе заштедени средства за други јавни потреби.

-Поддршка за домаќинства и мали бизниси. Ќе се залагаме да го стимулираме користењето обновливи извори на енергија, како соларни системи и штедливи уреди, кои ќе им помогнат на граѓаните да ги намалат своите сметки и да придонесат за почиста околина.

-Пилот-проекти за соларни паркови и биогас постројки, со кои Прилеп ќе направи значаен чекор кон енергетска независност и современ локален развој.

-Енергетски ревизии и јавна едукација. Ќе воведеме континуирана анализа на енергетската потрошувачка и едукативни кампањи за рационално користење на енергијата.

Со овие чекори, Прилеп може да стане модерен, економичен и еколошки град и пример за сите останати општини. Веруваме дека со чесна работа, одговорност и посветеност ќе покажеме дека има можност за поинаков, подобар Прилеп. Вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9, за кандидатот за градоначалник и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, рече Ристеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми