Изминаа три недели изборна кампања исполнети со искрени средби, разговори и поддршка која ми даде сила, мотив и верба да продолжам да се борам за Прилеп каков што сите го заслужуваме, вели Ванчо Спиркоски, носител на советничка листа на група избирачи за локалните избори за Прилеп.

„Ви благодарам од срце на секој збор, секој стисок на рака и секое охрабрување. Тоа е најголемата награда за човек кој искрено верува во подобро утре. Во недела имаме можност да направиме промена – да го разбудиме Советот на општина Прилеп и конечно да го прекинеме комфорот на партиското двојство кое предолго владее. Време е во Советот да има глас што ќе потсетува дека таму се седи за граѓаните, а не за партиите.
Јас верувам дека Прилеп може повеќе – со транспарентна работа, чесен однос и реални решенија за секој проблем. Во недела, гласајте за број 141 – за Ванчо Спиркоски, независен кандидат од народот, ваш партнер во новиот Совет на општина Прилеп. Да покажеме дека гласот на граѓаните вреди повеќе од партиските интереси! 141 – Глас за независен, чесен и одговорен Прилеп“, порача Спиркоски.