Три лица повредени во сообраќајна несреќа во Прилеп

На 29.10.2025 во 11:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од бул.,,Гоце Делчев” и ул.,,Архиепископ Доситеј” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.А.(58) од Битола и патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(71) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ѓ., додека со телесни повреди се здобиле П.А. и неговата сопатничка К.П.(38) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Прилеп.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира