„Суспендирана итност“ – промотивната дружба и разговори со Ивана Хаџиевска во Цепенков

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Литературно-издавачката дејност при НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп за 8 ноември 2025 од 18.30 часот ја најавува промотивната дружба и разговори со Ивана Хаџиевска, инспирирани од нејзината збирка есеи „Суспендирана итност“.

 „Хаџиевска посочува на очајното ниво на македонската и балканската историографија и политика на секавање, при што, наместо повеќе да се работи на разбирањето на националните митови, се наметнуваат поими за „историска вистина”. (…) Хаџиевска ja има таа интелектуална храброст, толку малку почитувана, а толку многу важна“, вели политикологот Здравко Савески во рецензијата за книгата.

„Суспендирана итност“ е збирка есеи кои Ивана Хаџиевска ги пишувала и ги објавила во периодот од 2014 до 2024 година. Тие се пишувани низ призмата на историјата, социологијата, филмот и родовата димензија. Авторката ги разгледува симптомите на руптурните кризи кои го потресувале светот од 20 до 21 век. Состојбите се прикажани низ компаративни ракурси кои фокусираат локално и глобално, но наместо балканската ексцентричност, се обидуваат да ja допрат и универзалноста на проблемите на капитализмот, идеологиите и влијанието на кризите врз луѓето и заедниците.

Ивана Хаџиевска (1995) е историчарка и независна истражувачка. Дипломирала историски науки на Филозофскиот факултет во Скопје во 2018 година. Магистрирала во областа на економската историја. Истражува во полето на филозофијата на историјата, историјата на жените и политиките на сеќавање.

Разговорот со Хаџиевска ќе го води Кирил Бисероски. Модератор ќе биде Александар Еленин.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми