ВИДЕО- 46 годишен жител на с. Секирци нападнат од мечка додека берел печурки кај с. Рилево, со тешки повреди е префрлен во Скопје

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


46 годишниот Ицко Милески од долненското село Секирци вчера попладнето некаде после 13 часот бил нападнат од мечка додека со неговиот другар береле печурки во атарот на селото Рилево. Милески некако успеал да се оттргни од шепите на мечката и почнал да бара помош, во тој момент мечката најверојатно исплашена од звуците и викањето на двајцата печуркари избегала кон шумата. Другарот на Милески успеал некако да го донесе тешко повредениот до возилото со кое биле излезени на терен и веднаш го однесол во општата болница во Прилеп, каде бил итно примен на одделението за хирургија. Според началникот на одделението Димитар Иваноски, повредениот имал тешки повреди на лицето, вратот и градниот кош.

„Кај пациентот првично се дијагностицирани или констататирани повреди на главата, откинување на скалпот на главата, има каснатини на лицето, на носот, каде дел од носот е откинат, има угризни рани на врат и на градеш кош. Првично од колегата се направени комплет иследувања. Пациентот е мониториран, измерени витални параметри, направена комјутерска томографија на гради, врат и глава, ординирана соодветна терапија и тетанична профалакса која е потребна кај вакви напади од животни“, вели Димитар Иваноски, началник на хируршкото одделние во општа болница Прилеп.

Жителите на селото денеска не сакаа да зборуваат за тоа што се случило точно вчера попладнето и како дошло до несреќата. Но поради сериозноста на повредите Милески е итно испратен на клиниките во Скопје.

„Констатирано е дека има присуство на слободен воздух во градниот кош или пнеумомедиастин го викаме стручно, но поради сериозноста на таквиот тип на повреда пациентот е транспортиран со медицинска екипа по претходна најава на Клиника за торакална хирургија во Скопје“, додаде Иваноски.

 Според мештаните премногу се ретки нападите од мечки на луѓе овој дел на Долненско скоро и да немало никогаш. И самите се прашуваат како дошло до несреќата затоа што најчесто мечките бегаат и се плашат од луѓето кога ќе ги забележат. Инаку нападот со мечката не е засега пријавен во МВР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми