„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување кај манастирот во село Лениште

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“.

Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот кај манастирот св. Петка  во Лениште.

„Иницијативата има за цел да го надомести влијанието на медицинскиот отпад што лицата со дијабетес секојдневно го создаваат, но и да придонесе за обновување на дел од уништените шумски површини во прилепскиот регион“, велат од Сина Револуција.

Идејата за проектот произлегува од потребата да се одговори и на здравствените и на еколошките предизвици. По успешната реализација на двете претходни акции, каде што беа засадени стотици дрвја, годинешната акција продолжува со уште појасно дефинирани цели: зголемување на шумските површини, подобрување на квалитетот на воздухот, зајакнување на биодиверзитетот и подигнување на еколошката свест кај населението.

Освен засадувањето на садници, организаторите очекуваат да се истакне  соработката меѓу различни групи на граѓани и институции, поттикнувајќи на поголема одговорност и заедништво кон животната средина.

За сите волонтери пто сакаат да се вклучат во акцијата обезбеден е организиран превоз со поаѓање во 09:30 часот од пред ЦК  „Марко Цепенков“. За сите учесници има обезбедено и оброк.

 „Ги  повикуваме сите компании, јавнитe институции, здруженијата и граѓаните да се вклучат  во акцијата – преку донирање садници, логистичка или финансиска поддршка, или со лично учество во волонтерските активности. Секоја засадена садница е чекор кон поздрава иднина! И најмалите чекори можат да создадат долготрајни, позитивни промени! Грижата за природата е грижа за нас самите!“, велат организаторите.

Повеќе информации, но и своето учество може да го пријавите кај Менде, на телефонскиот број 078 247 733.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми