ВИДЕО- Ајде сите да гласаме за тимот „Прилепчанчина“ да добијат милион денари и да ја развијат својата иновативна бизнис идеја

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Тимот „Прилепчанчина“ составен од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп со својата идеја „Local Lands“ се пласираше помеѓу 50-те бизнис идеи кои се дел проектот и натпреварот „Милионер средношколец“ кој годинава за прв пат се организира од страна на Brainster Next College и NU High School Academy од Скопје. Доколку го освојат првото место ќе освојат 1 милион денари за својата идеја.

Но за тоа им треба нашата поддршка и помош со гласови. Под итно и без губење на време да гласаме уште веднаш за нив на овој линк: https://idea-hunt-startup.lovable.app/vote/327624fc-58b1-43b8-ba54-ea0cafb426a0

А повеќе околу ова нивна навистина оригинална и иновативна идеја ќе ни кажат самите.

Разговорот го започнуваме со Даријан. Што претставува овој проект и оваа иновација?

Даријан Мицкоски: Повеќе за проектот би ви кажал Иринеј. Пред се би сакал да се заблагодарам на Brainster и New Academy што ни ја дадоа оваа шанса да просперираме како средношколци и да ги истакнеме овие наши претприемачки амбиции.

Иринеј како ја добивте идејата за овој проект?

Иринеј Трајкоски: Минатата година често пати среќававме еден проблем, а тоа е дека сите водичи кои ни беа во поголемите градови беа од балканските земји. Пример се случи во Прага имавме водич од Белград, така да реално што може тој да ти каже повеќе од тоа ти да накуцаш и пребараш на Гугл? Решивме да направиме апликација која ќе користи информации од локалци и тие информации со помош на АИ ќе прават персонализирана тура, која по твои карактеристики и хобија би ти користела повеќе него да накуцаш само на Гугл.

Како работи целата оваа апликација?

Антонио Христоски: Во суштина оваа апликација е многу едноставна, откако корисникот ќе ја сметне оваа апликација добива пристап до еден прашалник или анкета, тој е сосема краток и откако ќе се одговори истиот, нашиот АИ креира персонализиран план според неговите интереси и преференси, самиот вид на патување и тој понатаму се зачувува на твојот акаунт и може да се искористи.

Што нуди оваа апликација?

Христијан Трајкоски: Оваа апликација се состои од 2 пакети, стандарден и премиум пакет. Во стандардниот пакет се стандардните функции на оваа апликација, но со реклами. Во апликацијата исто така можеме да си изнајмиме локален лиценциран водич, кој е од местото кое корисникот на оваа апликација го посетува. Во премиум верзија има и 360 степени view и сите останати функции од стандардниот пакет, но без реклами.

Даријан Мицкоски: Да се надоврзам на мојот колега, кога сме кај премиум пакетот го добиваме без реклами и функцијата 360 view работи врз принцип на ЕАР технологија, ни овозможува преглед на градот преку камерата на телефонот да видиме како градот изгледал во минатото, да дознаеме информации за минатото што повеќето водичи кои не се од тој град не ги знаат. Исто така преку овој проект можевме да ги изнесеме нашите технички знаења, користевме React и React native за изградба на демо верзиите на веб страната.

Дали веќе имате почнато на изработка на самата апликација и дали може да се види, да се најде некаде, да се погледне како функционира?

Иринеј Трајкоски: Засега имаме направено основна апликација, само почеток заедно со веб страна. Затоа ни треба вашата поддршка преку гласови за да можеме да стасаме до следната рунда, да стасаме до финале и да ги искористиме тие средства ако победиме за да ја развиеме понатаму апликацијата. Веруваме дека е доста добра идеја, дека има доста потенцијал не само во Македонија, туку и на светско ниво. Ни треба помош од гласови, можете да гласате на милионер.мк, идејата се вика Local Lands, гласањето е многу едноставно, се прави еден акаунт и се гласа. Или пак можете да најдете линк кој ќе ве доведе до милионер.мк на нашата страна Local-lands.com.

Како што знаеме целиот овој проект има натпреварувачки карактер, во моментот вие сте избрани во еден од 50-те проекти. Што е тоа што ќе им порачате на гледачите и на граѓаните пред се од Прилеп?

Даријан Мицкоски: Ги замолувам граѓаните и нашите соученици пред се да не поддржат во овој проект и заедно сите да покажеме дека ние младите можеме да направиме нешто поиновативно, помладо и да го развиеме претприемаштвото кај младите во Прилеп и низ целата Македонија. Затоа би сакал да ги замолам сите да гласаат за нашиот тим Local Lands, кој можат да го пронајдат на страната милионер.мк и да не поддржат за поминување во понатамошните рунди со цел да го победиме турнирот.

Еве и од нас уште еден апел, ајде сите заедно да гласаме за овие дечки, да им дадеме поттик да ја освојат првата награда, а тоа е милион денари која ќе биде еден навистина огромен мотив за нив за во иднина и понатаму да носат вакви иновативни проекти за нас, кои ќе бидат на еден начин добробит не само за градот, туку за целото општество.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми