ВИДЕО- Витаминка е првата компанија во Македонија од прехрамбената индустрија која започна со имплементација на ESG системот

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Витаминка е првата компанија во Македонија од прехрамбената индустрија која започна со формална имплементација на ESG принците или Enviromental, Social, Governance, со што ќе се овозможи систематски пристап кон одржлива практика, корпоративна одговорност и транспарентно управување. Со воспоставувањето на овој систем Витаминка уште еднаш ја потврдува својата заложба кон заштита на животната средина, општествената одговорност и грижата за своите вработени.Компанијата ја зајакнува својата долгорочна стратегија и го потврдува континуираниот стремеж кон интегрирање на традицијата, иновацијата и квалитетот што ја обележуваат нејзината повеќедецениска работа.

Не дека Витаминка досега не инвестирала во грижа околу животната средина, не дека не инвестирала во своите вработени, не дека не сме биле општествено одговорна компанија, но сакаме да воспоставиме систем во кој ќе имаме мерливост и секоја година, секој квартал, секој месец сакаме да докажеме дека сме се подобри и подобри во однос на тие инвестиции во овие работи кои се многу битни, многу значат за една сериозна компанија да може да покаже дека се грижи за животната средина, но и да ни го олесни настапот на пазарите претежно во ЕУ која ги наметнува овие стандарди, овие системи, за да покажеме дека се грижиме да ги намалиме CO2 гасовите во атмосферата, да покажеме дека се грижиме за нашите вработени. Едноставно овој стандард е неопходен во секојдневното работење на Витаминка“, изјави Сашо Наумоски, Генералeн извршен директор на Витаминка.

Овој систем ги вклопува сите претходни стандарди кои Витаминка ги има импелменторани како ИСО, ХАСАП, ХАЛАЛ, ЕФД, RAIN FOREST и многу други. Воведувањето на овој систем полека ќе стане и услов на сите компании кои сакаат да извезуваат во ЕУ. Во Македонија истиот го имаат имплементирано само уште неколку кои не се од прехрамбената индустрија.

Прво барање на ISG стандардот да го имплементираме во работењето на Витаминка беше системот ISG од банките кои се странска сопственост во Македонија. Следен беше наш откупувач од ЕУ кој ни наметна да мораме да имаме податоци, да ги кажуваме податоците како Витаминка се грижи за животната средина. Ние сакаме да бидеме подготвени кога ќе дојде тој ISG стандард како неопходен, сега сеуште е волонтерски, сеуште на доброволна основа, големите компании во ЕУ го имаат, задолжителен е, но малите и средни претпријатија сеуште се на ниво на доброволна основа, но за неколку години ќе биде неопходен, да мора да го имаме овој систем на мерење на издувните гасови, на заштита на животната средина, грижа на вработени, општествена одговорност која ја покажуваме компаниите во локалната заедница каде егзистираме“, додаде Наумоски.

ESG системот се имплементира од Вотаминка доброволно преку современата VSME рамка која што Европската комисија ја одобри пред само неколку месеци.

Витаминка ќе биде првата компанија која ќе се обиде по сите стандарди внатре во рамката да известува кон своите инвеститори, јавноста, добавувачите, сите свои стејкхолдери. Практично разликата е во тоа што ако досега компанијата сеуште работела сигурно на заштита на животната средина, сега тоа го прави поактивно и со поголемо вклучување на стејкхолдерите. Да ви направам една паралела, ако бизнис планот на една компанија го прави само компанијата и менаџерите, ISG планот и извештајот го прават сите стејкхолдери и компанијата заедно. Така што одговорноста на компанијата се зголемува, нејзините обврски се зголемуваат, но воедно утре и барањата на компанијата од своите стејкхолдери исто така да бидат општествено одговорни, зелено одговорни, одговорни за животната средина ќе порасне и со тоа се надеваме дека Витаминка ќе изгради потполна конкурентност за европските пазари“, истакна Катерина Костовска, консултант за Sustain ability.

Имплементацијата на ESG системот ќе се реализира етапно во следните три до пет години, при што до крајот на април 2026 година ќе биде подготвен и првиот ESG извештај.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми