Жители од долненско фатени како крадат тутун во соседната општина Кривогаштани

На 19.11.2025 во 00:05 часот во с.Годивле, општина Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишија од слобода И.И.(55) и Ќ.С.(42) од с. Дебреште, општина Долнени.

Полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген туран“ со прилепски регистарски ознаки,  управувано од И.И., а сопатник бил Ќ.С., при што во возилото се пронајдени и одземени повеќе низи тутун за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира