Викендов театарот “Војдан Чернодрински”  премиерно ја изведе претставата „Црнила“ од Коле Чашуле

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Викендов во Сцена 105, на НУЦК”Марко Цепенков” во Прилеп театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ја изведе претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски.

На премиерата присуствуваа министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставници на семејството од Чашуле, директорите на МНТ, Битолски и Турски театар, уметничкиот директор на МТФ „Војдан Чернодрински“, актери, љубители на театарот…

  • Сценографија: Валентин Светозарев
  • Костимографија: Марија Пупучевска
  • Музика: Горан Трајкоски
  • Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
  • Дизајн на плакат: Сергеј Светозарев

Играа:

  • НЕДА – Сара Спиркоска
  • ИВАН – Бобан Алексоски
  • МИЛКА – Катерија Чакмакоска-Клинческа
  • ЛУКОВ – Александар Степанулески
  • ХРИСТОВ – Александар Тодески
  • ФЕЗЛИЕВ – Димитар Ѓорѓиевски
  • МЕТОДИ – Михајло Миленкоски
  • МЛАДИЧОТ – Илија Волчески
  • ДЕЦА  – Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски, Ива Малинческа.

Министерот  за култура Зоран Љутков по премињрата напиша дека отворањето на новиот сценски простор поминал со силна енергија и одлична изведба.

„Актерите ја донесоа приказната јасно, моќно и искрено, а публиката ја почувствува тежината и актуелноста на темите што ги отвора Чашуле. Големи честитки за целиот тим за трудот, ентузијазмот и за тоа што со оваа премиера Сцената 105 доби вистински нов почеток“, забележа министерот.

Заради големиот интетес претставата “Црнила” во декември ќе биде изведена три пати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми