„Младост 96“ доминира во женската суперлига – есенски прваци без ниту еден пораз

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Женската екипа на „Младост 96“ ја заокружи есенската полусезона со извонреден успех, освојувајќи го првото место во најсилната женска пинг-понг лига без ниту една загубена средба. Во последниот натпревар каде со одлучуваше есенската полусезона со директниот конкурент Шампиони ФА, остварија победа со 4-3. Тимот ја демонстрира својата сила, зрелост и тактичка зрелост во секој натпревар, што резултираше со перфектен биланс и убедливо водство на табелата.

Во овој успех силен печат оставија Софија Хасану, Ива Димитриеска, Емилија Божкоска, како и интернационалното засилување од Грција, Стела Цариду. Нивната одлична форма, карактер и посветеност на теренот ја потврдија амбицијата на клубот да биде врвна сила во македонскиот женски пинг-понг.

Тренерскиот и стручен тим истакнаа дека квалитетот на играчките, нивниот тимски дух и континуираната работа во клубот се клучот за овој успех.

Од клубот упатија благодарност до поддржувачите и љубителите на спортот, најавувајќи дека ова е само почеток на уште поголеми успеси.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми