Од 1 јануари поевтини трошоци за струја – РКЕ ги намалува мрежните надоместоци

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за  3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем МЕПСО се намалува за 2,67%, намалување има и кај цената на МЕМО од 3,40 % – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

„Со денешната одлука, сите елементи кои ја сочинуваат крајната цена се познати: цена и количина по која е набавена електричната енергија, услугите на мрежните оператори, затворени се и набавките за загуби.  Сега останува универзалниот снабдувач – ЕВН ХОМЕ, под наш надзор  да направи пресметка и да се објават финалните цени по блокови. Делот што РКЕ го регулира во крајната цена има влијание од околу 36 %“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем во крајната цена учествува со околу 33%, додека надоместокот за користење за преносниот систем учествува со околу 4% во крајна цена и цената на МЕМО е со незначително учество од околу 0,19 % во крајната цена.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира