Новороденче старо 8 дена без знаци на живот донесено во прилепската болница – обвинителството отвори предмет



Вчера во 8 часот и 10 минути во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот. Од болницата велат дека од страна на педијатар и анестезиолог било постапено според сите протоколи, а случајот бил веднаш пријавен во полицијат.

Според јавниот обвинител Стевчо Биноски од ОЈО Прилеп веднаш бил оформен предмет и телото на бебето било дадено на обдукација која била направена вчера во Клиничкиот центар во Битола, од каде се чека да пристигне и обдукциониот наод спорд кој ќе зависи во која насока ќе тече истрагата и кои мерки ќе бидат понатаму преземни.

По барање на Обвинителството од страна на МВР се извршени разговори со лекарите во болницата и родителите на детето, а исто така е извршен увид и во нивниот дом, а собрана е и целата потребна документација за случајот.

Инаку станувало збор за млади родители од ромска националност, кои живеел во населбата „Три багреми“ во Прилеп на кого ова им било трето дете.

Од ОЈО Прилеп истакнаа дека приситигнат бил од обдукциониот наод за двете починати новороденчиња од селото Славеј во јануари оваа година стари само 20 дена, кои исто така по барање на мајката беа заминати сами дома и покрај укажувањето на лекарите дека треба да останат во болницата. Овој наод е препратен до Институтот за судска медиција во Скопје од каде се чека да се прави вештачење за постапувањето на здравствените работници во целиот случај.

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми