На 11.12.2025 во 17:00 часот, врз основа на наредба од Основен суд Прилеп, полициски службеници од ОВР Крушево извршиле претрес во домот и помошните простории сопственост на М.М.(47) во с.Пресил, крушевско.
При претресот се пронајдени воздушна пушка, 10 патрони за ловечка пушка и колан за ловечки патрони кои се предмет на прекршок по член 27 од Законот за оружје.
По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.