Советничката група на СДСМ и Коалицијата до претседателката на Совет на општина Прилеп поднесе барање за одржување вонредна седница со единствена точка на дневниот ред:
- Информација за можно згрижување на одбиени баратели на азил од Велика Британија во Република Северна Македонија, т.е. нашата општина.
„Причина за барањето, е можноста за прифаќање на одбиени баратели на азил од Велика Британија од страна на нашата земја. Повод повеќе за поднесеното барање за вонредна седница на општинскиот Совет, е вчерашната средба на градоначалникот Дејан Проданоски со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Метју Лосон, а на која присуствувале и претседателката на Совет на Општина Прилеп, како и двајцата прилепски пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание. Логичното и легитимно прашање кое се наметнува после оваа средба, е дали општина Прилеп е една од дестинациите за сместување на мигранти?“, прашуваат од СДСМ Прилеп.

