ВИДЕО- Витаминка ќе учествува во „Прилепска празнична приказна“ со 7 дрвени типизирани куќарки, плаќање на дел од пејачите, бесплатно засладување на граѓаните

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Во пресрет од 70 годишнината од постоењето на Витаминка А.Д. Прилеп, во партнерски однос со Општина Прилеп на наше големо задоволство оваа година се вклучуваме во креирање на една ново празнична програма во нашиот град за која верувам дека со нетрпение ја очекуваат нашите граѓани, истакна Орде Ѓорѓиоски директор на Секторот за правни и општи работи во Витаминка Прилеп.

„Она што нашата компанија ќе го обезбеди оваа година е поставување на 7 дрвени типизирани куќарки на која што ќе биде послужена храна, ќе има можност да се послужат граѓаните исто така и со пијалок. А ќе има и понуда на ракотворби. Ќе има и дополнителни содржи. Нашата компанија ќе партиципира и во забавниот дел на бината за сите 8 празнични денови.

Бидејќи станува збор за Новогодишна празнична приказна секако дека Витаминка ќе ги заслади празничните денови како и секогаш, на понуда ќе има и бесплатни наши производи, ќе има секако можност и за фотографирање со Дедо Мраз, ќе се доделуваат и колетчиња, ќе има можност и да се купат производи, така што да оставиме малку и да имаме некои изненадувања“,  додаде Ѓорѓиоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира