Пилотот Никола Петковски доби диплома „Пол Тисандиер“ од Светска воздухопловна федерација за неговата 50 годишна кариера

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Пилотот Никола Петковски од Куманово доби диплома „Пол Тисандиер“ од Светската воздухопловна федерација за неговата 50 годишна кариера како пилот. Во неговата кариера има управувано со 24 различни типови на авиони.

„1973 година, на 16 годишна возраст се зачленив во аеро клубот „Куманово“, на 17 години завршив едриличарска обука, на 18 години завршив обука за авион и од 1975 година интензивно летам, 50 години како професионален пилот. На 1 октомври 2025 година завршив со кариерата. Досега сум управувал со 24 типа на авиони, работев како пилот инструктор, работев во земјоделска авијација, инструктор во земјоделска авијација, егзамиер за испити на пилоти кои полагаа за дозволи, за овластувања за инструктор итн.“ вели Петковски.

Ситуацијата со пилотите во Македонија во моментот е на едно незавидно ниво и доколку државата не преземе одредени активности како реактивирање на аероклубовите постои опасност од сериозен недостаток во иднина.

„Државата во последните 30 години крена раце од финансирање на воздухопловството во аероклубовите, кои беа база за обука на пилоти и кадри за Македонија. Кога се осамостоивме од Југославија во Македонија имаше 193 пилоти, а денес дали има и 40. Треба повторно да се активираат аероклубовите, за да не се доведеме во ситуација да нема пилоти ни за гасење пожари, да нема пилоти за војска. Целата таа политика се водеше последните 35 години и државата треба да преземе активности, во Македонија има 5 аеро школи и тие школи треба да вадат по 5-6 едриличари и од тие 30-40 едриличари следната година може да имаме 5 или 10 пилоти кои можат да се обучуваат и тоа државата да го финансира за да не дојде да нема пилоти во државата, нон стоп треба да има кадри. Затоа што еден пилот да се школува и да стекне искуство да лета треба преку 100.000 евра финансии, а кои родители можат тоа да го финансираат“, рече Петковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми