Со доаѓањето на новата година, воведуваме и нова рубрика на Инфо Компас – „Репортер од терен“. Идејата е сите вие, со вашите фотографии и видеа и со краток текст и објаснување за истите, да бидете дел од нашата редакција и да известуваме заедно за сите проблеми кои ги мачат граѓаните на Прилеп, но и околните општини: Кривогаштани, Крушево, Долнени, Македонски Брод. Освен проблемите секако тука се и убавите работи со кои може да се пофали нашиот регион и успесите на граѓаните кои живеат тука, на секое поле од општественото живеење.
Фотографиите и видеата испраќајте ги на нашиот меил: infokompasprilep@gmail.com или во порака на нашата ФБ страна ИНФО КОМПАС. Текстот, фотографиите и видеата може да бидат објавени со вашето име и презиме или доколку сакате анонимно, тоа ќе го нагласите во порака што ќе ни ја пратите. Дискрецијата ќе биде комплетно загарантирана.
Да придонесеме сите за поголема информираност и објективност и за подобар квалитет на животот во нашите средини. Информациите ќе бидат проверени од наша страна како новинари, за дел од нив можеби ќе се направат и пошироки видео верзии. За дел од информациите исто така ќе се побара и одговор од надлежните органи и институции доколку истото е потребно.
Да потенцираме – ова е платформа за граѓаните, а не за партиите и партиски активисти. Политички мотивирани мислења, ставови и коментари нема да бидат објавувани. Партиски независно и нецензурирано известување останува нашиот курс.
Оние информации кои нема да бидат точни или ќе содржат содржини кои се косат со политиките на медиумот исто така нема да бидат објавувани.