Прилепчанец се обидел да прошверцува 9 украдени пиштоли во Грција

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Вкупно девет службени пиштоли, украдени на 5 јануари од просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје, беа пронајдени во автомобил „шкода октавија“, сопственост на правно лице од Прилеп, при царинска контрола на граничниот премин „Богородица“.

„Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Прилеп, кој на 14 јануари го изнајмил возилото од компанијата и со него се обидел преку граница да ги пренесе полуавтоматските пиштоли, скриени во фабричкиот простор помеѓу лимот и тапацирот на автомобилот“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Од сериските броеви е утврдено дека станува збор за оружјето што претходно било украдено од службените простории на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и регистрирано како службено оружје на обезбедувањето во скопското претпријатие.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми