ВИДЕО – Светиот крст во Прилеп го фати 18 годишниот Јордан Ангелески

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



На Големиот Богојавленски Водосвет кој што денеска се случи во Аквапаркот „Салида“ во Прилеп, Светиот крст го фати 18 годишниот Јордан Ангелески, кој прв пат скока по Светиот крст. Учи во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп и е втора година.

„Јас сум Јордан Ангелески, имам 18 години, прв скокам за фаќање на крстот и прва година ми се посреќи. Искрено ми претставува големо задоволство и сум многу среќен бидејќи на мојот именден успеав да го фатам крстот. Искрено како празник ми е еден од позначајните, бидејќи има големо значење јавувањето на Бог, плус дека сум крстен Јордан на овој ден, на Водици, сум и уште повеќе среќен. Бог се јави, навистина се јави! Инаку јас учам во гимназијата „Мирче Ацев“, втора година сум и искрено не знам што да очекувам, очекувам поголема среќа, искрено сум многу возбуден. Не е страшно, туку пред се сите треба да скокаме за здравје, не е фаќањето на крстот за другите работи, туку се скока за здравје.  Многу деца што слушам се плашат дека ќе настинеле на денот кога ќе се фрлат во ладната вода, но на овој ден колку што знам во минатото никој не настинал, бидејќи Бог не чува од настин и ред други работи“, истакна Јордан Ангелески, среќниот фаќач на крстот во Прилеп.

 

„Продолжуваме со покровителство на сите настани кои се традиционални во нашиот град, така и овој ден. Ја користам приликата да му честитам на Јордан и за крстот и да му посакам многу здравје, да му го честитам и именденот. Да е здрав и жив, ја слушав неговата изјава и даде една добра порака, ја користам приликава да ја парафразирам и да кажам дека добро е сите да учествуваме најпрво да го поправиме нашето здравје, таков е овој ден, во крстените води насекаде низ Македонија, но и да учествуваме во сите општествено-политички процеси за да го поправиме животот во нашата држава. Се надевам догодина посреќни и повесели, оваа година околу стотина пријавени, а на сите места каде Општината беше покровител повеќе од 400 луѓе учествуваа во овој свечен чин. Иако сме секуларна држава, но ние сме Христијани, претежно е христијанско населението во општина Прилеп и еве на мое големо задоволство има многу учесници, млади луѓе кои имаат желба да ја продолжат традицијата што ја негуваме години наназад. Уште еднаш честитки, благодарам и за останатите спонзори и покровители на овој настан, се надевам догодина да бидат и побројни и дека уште побогати награди би имале. Но да не биде предизвик само наградата, како што кажа Јордан навистина да се посветиме на нашето здравје, добробитот и за една поуспешна и посреќна држава“, додаде Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми