Граѓанин кој сакаше да остане анонимен, за рубриката „Репортер од терен“ ни сподели фотографија од патот кај новите градски гробишта во Прилеп. Во дописот пишува дека дел од патот се наоѓа во ужасна состојба, особено кога има врнежи наликува на вистинско езеро. Проблемот ги засега сите граѓани кои со автомобили ги посетуваат вечните почивалишта на нивните најблиски.
„Станува збор за 200 до 300 метри пат, ги замолуваме надлежните да се реши оваа ситуација затоа што патот е во крајно лоша состојба. Ги искршивме нашите возила кога поминуваме тука. Вака е со години, бараме од новото раководство на локалната самоуправа да ни излези во пресрет“, вели во дописот загрижениот прилепчанец.