ВИДЕО- Ристески: Нема да прифатиме изнудени решенија за минималната плата кои би имале повеќе штета отколку корист за граѓаните

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Владата нема да прифати АД ХОК изнудени решенија за зголемување на минималната плата како тоа што се правело во претходниот период, во полза на едната, а на штета на другата страна. Особено не политички уцени и притисоци преку одредени синдикати. Ова е ставот на заменик министерот за економија Ристески кој потенцираше дека токму поради таквите решенија во минатото без реална издржаност и без консултации со министерството за финансии биле направени штетни и не фер договори.

Денес во јавниот сектор со различни колективни договори, правилници, други одлуки, во различни институции имаме неправда према голем број на вработени. Исти вработени, на исти позиции во различни институции да земаат различна плата и тоа мислам дека е направена една голема неправда за одреден дел од вработените во одредени институции. Исто така да напоменам дека имаа период од една година да седнат со работодавачите да се договорат, имаа период од една година да го прифатат она што како колективен договор е понудено од страна на владата со тој репрезентативен синдикат за системско зголемување на платите во јавната администрација. Од која причина тоа не го прави ССМ и УПОЗ тие најдобро го знаат“, рече Марјан Ристески, заменик министер за економија.

Ристески истакна дека Синдикатите требало да се вратат на преговарачка маса наместо да протестираат затоа што во делот на јавниот имале добро понудено решение, а за со преговорите со приватниот сектор тие како Влада ќе прифателе се што ќе се договорат двете страни.

Интенцијата на оваа Влада е да растат платите во Македонија, но врз основа на реални параметри и се она што е понудено на маса е врз база на тие реални параметри каде што очекуваме во наредните 2 години и 3 месеци да имаме 40% зголемување на платите во јавната администрација, меѓутоа и во приватниот сектор, без притоа да направиме несакани политички интервенции и турбуленции во економијата во Македонија“, додаде Ристески.

Ристески истакна дека треба да се направи и нов општ колективен договор во јавниот сектор кој е истечен веќе 2 години, а требало и нов општ колективен договор и во приватниот сектор каде немало таков повеќе од 2 децении.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми