Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Општина Прилеп денеска одбележува 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог на националната борба, Гоце Делчев. По тој повод, пред спомен-бистата во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, институцијата што со гордост го носи неговото име, делегација од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп, делегација од училиштето „Гоце Делчев“ заедно со претставници од останатите училишта и граѓани, положија свежо цвеќе и му оддадоа почит на великанот на македонската држава.
„Делото и идеалите на Гоце Делчев остануваат трајна инспирација и водилка за македонскиот народ и за идните генерации! Нека е вечна славата на Гоце Делчев!“, велат од Општина Прилеп.