На 09.02.2026 во 10:45 часот на патот Прилеп – Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.М.(39) од с.Кривогаштани.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.М., при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола.
Во координација со јавен обвинител, возилото било одземено, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.