Кривична за 67 годишен прилепчанец – нелегално поседувал оружје

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.А.(67) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 03.09.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа која повремено ја користел пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловечки карабин и воздушна пушка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира