Трет ден од највозбудливиот спортски настан за 2026 година во Македонија – Macedonia 4×4 Trophy во Крушево. Спектакл од светски калибар, превртување на возилата во реки, голем број непристапни предели, претекнување на офф роад возилата во шуми, поминување низ блата и места со многу вода и кал, вистинско адреналинско шоу какво немате можност на видите на ниту едно друго место во Македонија.
Крушево е најдоброто место во државава за развојот на овој алтернативен спорт, но воедно и туризам кој носи голем број посетители. Повеќе зборови не се потребни, едноставно уживајте.