„Профилот референт за продажни активности е 3 годишно образование кој им нуди на учениците да стекнат одредени вештини од комуникација, тимска работа, одговорност, и што е најважно овој профил им нуди на учениците брзо вработување, солидна плата и професија што ги отвора вратите за иднината. За овој профил се потребни најмалку 30 поени, што значи дека и послабите ученици можат да одберат, во почетокот е 3 годишно со можност да продолжат 4 годишно образование. Наставата е организирана така што 2 дена имаат практична настава во супер маркети и продавници, а 3 дена им е настава во училиште. Се надевам дека овој профил е интересен за учениците и оние кои се со послаб успех ќе го одберат баш овој профил“, кажа Елизабета Цветаноска, професор по економски предмети.
„Референт за продажни услуги, овој профил нуди практична и интересна настава, со можност за практична настава и брзо вработување. Барана професија во трговијата и бизнисот, но и можност за понатамошно образование и вештини кои ги стекнуваат учениците за продажба и работа со клиенти. Овој профил нуди многу добри услови, јас сум многу задоволен и може секој да се запиши со многу малку поени“, додаде Хајар Амедоски, ученик во профил референт за продажни активности.
„Економски техничар или може да работите и многу други професии, многу патишта ви се отвораат со самото економско училиште. Не е потребно да се вложи голем труд за учење, лесно се сфаќа материјалот и е релативно лесно. Нашиот смер е дуален затоа што се учи со зголемен број на часови и пракси. Земаме и стипендија 9 месеци по 3.500 денари, за кој единствен услов е да имаш просек над 3.5. Праксата ја работиме најчесто во институции, може да бидат државни или приватни. Конкретно ние одиме во приватни институции за пракса и од неа најмногу научуваме. Исто така карактеристично за економскиот техничар е тоа што е зголемен бројот на часови на кои одиме на практична работа и е многу лесно, сите таму ни обрнуваат внимание. Освен што ги учиме тие вештини поврзани со нашата струка или насока, ние учиме и многу вредности кои се многу битни за нас како личности и поединци во општеството“, рекоа Јована Мојаноска, економски техничар дуална паралелка и Давид Наумоски, исто така економски техничар дуална паралелка.
„Мојот поттик да се запишам како правен техничар е затоа што го сакам правото како субјект и правните работи кои се вршат во оваа струка. Исто така убаво ми беше тоа што е чиста работа, нема валкање како во други струки, канцелариска работа, нема потење, нема валкање. Во оваа насока се учат повеќе предмети, закони, облигациони односи, изработка на акти и документи, како правилно да ги изработиме и други работи кои се неопходни за нашата практична работа. Исто така ние одиме на практична настава, феријална пракса во сите 4 години преку летото во траење од 10 дена за време на летниот распуст. Правниот техничар во 3 и 4 година одат 1 ден на редовна пракса кај работодавач како адвокат, нотар, извршител, Освновниот суд и Основното јавно обвинителство во Прилеп и други правни субјекти“, потенцираше Матеј Трајкоски, ученик во профилот правен техничар.
„На овој штанд ќе ви го презентираме смерот бизнис администратор. Овој смер покрај останатите смерови е доста интересен за учениците кои се запишуваат во економското училиште. Во овој смер половина од предметите се правни, половина од стручните предмети се економски, така што учениците кои до почетокот имаат желба и за право и за економија и не можат да се определат кој смер да го одберат, се запишуваат на овој смер бизнис администратор. Со завршувањето на овој смер како техничар – бизнис администратор со 4 годишно образование имаат многу големи можности. Во 1 и 2 година имаат феријална пракса, а во 3 и 4 година 4 дена одат на училиште, а 1 ден одат на пракса во реални компании, во книговодствени бироа, во институции каде ќе ја научат работата за средување на различни видови документи, работа со компјутер, комуникација, информациј, управување со време, значи многу работи ќе научат во текот на одењето на практична работа. За запишувањето на овој смер потребни се 60 поени, со можност понатаму за намалување на 50 поени. Исто така овој смер овозможува вработување за оние кои немаат можност или не сакаат да го продолжат образование, имаат неограничени можности за вработување во приватна компанија или државна институција, тие можат да најдат вработување со средно образование. Затоа, почитувани полуматуранти ве повикуваме да го направите правиот избор и да дојдете да се запишете во нашето училиште „Кузман Јосифоски – Питу“ на било кој од нашите смерови“, изјави Соња Јорданоска, професор по економски предмети.
„Учам во овој смер бизнис администратор, прва година сум, многу ми се допаѓа овој смер и сум задоволна. Би сакала што е можно повеќе деца да се запишат на овој смер бидејќи многу е убаво, има можности, има многу интересни активности. Од 3 година имаат пракса и во текот на неделата работат и имаат можност да учат работа со компјутери или со документи и имаат можност и доколку се добри во работењето можат да се вработат во компаниите“, додаде Николина Пилкоска, профил бизнис администратор.
„Денеска ги отвораме вратите за сите деветтооделенци кои се во размилување на кој профил да се запишат, нашиот профил е техничар за настани и анимации, односно најновиот профил во нашето училиште. Тука учениците се запознаваат одблиску со туризмот, со анимацијата, со организацијата, со забавата и ги повикуваме сите учениците кои сакаат да работат во туризмот, кои сакаат да имаат динамична работа, комуникација со луѓе, патувања, доживувања да дојдат денес на нашиот отворен ден и одблиску да ги запознаат сите работни позиции на кои понатаму можат да работат“, кажа Деспина Рипилоска, професор по стручни предмети.
„Во овој профил се запишав затоа што угостителството и туризмот ме привлекуваа, а овие се исто нашите соученици. Со нашиот профил можеме да работиме како туристички водич, туристички придружник, рецепционер, организатор на настани, имаме и туристички работник и раководител на туристичка агенција. Имаме пракса за време на распуст, ќе биде 20 дена и сум задоволна од училиштето, прва генерација сме што го изучуваме овој смер, професорите се добри и сѐ е одлично“, вели Северин Џафероска, ученичка во профил техничар за анимации и настани.
„Денес ќе ви го презентирам смерот дигитален маркетинг, дуална паралелка. Во овој смер се зема стипендија од 3.500 денари секој месец и во овој смер се работи за дигитален маркетинг, каде се вклучуваат многу социјални мрежи за тие што се заинтересирани за такви работи, се комбинира секаква нова технологија. Во денешно време сите ги користиме социјалните мрежи и порачуваме и купуваме работи токму преку нив. Многу од нас ги користиме Теми, Али Експрес, Зара и токму порачуваме преку нивните веб страни, но зад тие порачки и зад тие веб страни стојат професионалци кои го завршиле токму овој смер и доколку сакате да работите од дома и да се занимавате и да работите со дигитален бизнис, токму треба да се запишете на овој смер.
Овој смер комбинира дигиталност, комуникација, економија, иновативност, креативност, што во модерното време ни е најпотребно. Потребите на 21 век се задоволуваат токму преку овој смер“, истакнаа Изабела Слабакоска и Петар Чадамов ученици во СОУ Кузман Јосифоски – Питу Прилеп.