Шумската полиција од Прилеп продолжува со засилени контроли и борба против нелегалниот транспорт и складирање на огревно дрво. Денеска, кај бензинската пумпа „Лукоил“ на влезот во Прилеп, службеници од Шумската полиција затекнаа и одзедоа комбе „Фиат“ натоварено со околу 2 м³ дабови огревни дрва. Возилото заедно со дрвата е одземено и предадено во ПШС „Црн Бор“ .
Претходно, вчера (19.05.2026 година) околу 23:00 часот, кај превојот Дервен, пронајдени и одземени се околу 1,5 м³ дабови огревни дрва бесправно складирани. Против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно закон, а сите одземени дрва и средства се предадени во ПШС „Црн Бор“
Апел од Шумската полиција – Прилеп: Ги повикуваме граѓаните навремено да пријавуваат бесправна сеча, нелегален транспорт и сомнително складирање на огревни дрва. Воедно апелираме да не се купуваат дрва без соодветна испратница и без жиг, бидејќи нелегалното дрво подлежи на одземање, а следуваат и законски санкции. Само заедно можеме да ставиме крај на незаконските активности и да го заштитиме шумското богатство.



