Balkan Boxing 13 Неготино – спектакл со 5 професионални боксери од Македонија и странство

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци


Balkan Boxing 13 Неготино 31.10.2026 година. Почеток во 18 часот влез од 17 часот. Директен пренос на ARENA TV.

БИЛЕТИТЕ СЕ ПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА! Билетите за претстојниот професионален боксерски спектакл се веќе пуштени во продажба и можат да се набават онлајн на “eTicket.mk”.

Фајт кардот е завршен. Публиката ја очекува возбудлива боксерска вечер со пет професионални борби и боксери од Македонија, Србија, Словачка, Хрватска, Босна и Херцеговина и Камерун.

ГЛАВНА БОРБА – 6 РУНДИ Алмир Мемич (Србија) – Борис Недбал (Словачка) Во главниот меч на вечерта, силите ќе ги одмерат српскиот боксер Алмир Мемич и словачкиот боксер Борис Недбал.

КО-НАСЛОВНА БОРБА НА ВЕЧЕРТА – 4 РУНДИ Матеј Чатлески (Македонија) – Леон Марич (Босна и Херцеговина) Посебно внимание ќе привлече настапот на домашниот боксер Матеј Чатлески, кој пред домашната публика ќе се соочи со Леон Марич од Босна и Херцеговина. Се очекува интересен меч и тешка задача на Чатлески кој ќе има можност да оди по четвртата професионална победа и да се претстави пред својата публика.

Чатлески има озбилен противник кој зад себе има борби за професионален младински шампион во W.B.C, I.B.F, W.B.O I I.B.F верзиите.

ОСТАНАТИТЕ БОРБИ НА ВЕЧЕРТА 6 рунди: Марко Краљевич (Хрватска) – Дамир Гуламич (Босна и Херцеговина) 6 рунди: Санел Хасанович (Србија) – Јумби Ојен (Камерун) 4 рунди: Вук Вукајлович (Србија) – Филип Достанич (Србија).

НЕ ЧЕКАЈТЕ – ОБЕЗБЕДЕТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО! Пет професионални борби, меѓународна конкуренција и настап на домашниот боксер Матеј Чатлески се причините да бидете дел од оваа боксерска вечер.

Бидете дел од боксерскиот спектакл и поддржете го домашниот боксер Матеј Чатлески!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци