Вечерва на Камена бина, во склоп на проектот „Од 0 до Култура“ од 21:30 часот ќе настапи прилепскиот бенд „Banda Bend“ и ќе не поведе низ препознатливите песни и атмосферата на Coldplay и Travis.
Оформени пред 15 години, Banda Bend е прилепски бенд кој низ годините ја гради својата приказна преку љубовта кон добрата музика и уникатните настапи во живо низ цела Македонија.
Очекувајте вечер исполнета со добра музика, емоции, хитови и одлична енергија – песни што ги знаеме, ги сакаме и ги пееме заедно.