Филипче: ВМРО-ДПМНЕ блокираше сè што е во интерес на граѓаните за свој политички интерес

Facebook
Twitter
Email
Print
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

При вчерашната посета на Општинскиот штаб во Валандово, носителот на листа во „четворката“ Венко Филипче, рече дека СДСМ понуди одлични кандидати наспроти ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ која понуди слаба листа, инкриминирани носители кои немаат поддршка во овој регион, но и пошироко“, истакна тој пред членството.

Говорејќи за опозицијата и правејќи паралела помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Филипче потсети дека СДСМ имаше искрени намери и не се криеше во најтешките моменти кои ги помина државата, додека ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотреби секоја криза и блокираше сè што е во интерес на граѓаните за свој политички интерес.

„Лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да ги манипулираат граѓаните. Цели седум години како опозиција не собраа храброст искрено да ги кажат своите намери за иднината, да поддржат барем една мерка во интерес на граѓаните, да направат барем еден државнички потег. ВМРО-ДПМНЕ е партија на опортунисти кои ги интересира само власта и ништо друго“, потенцираше Филипче.

Тој ги нарече и „лажни патриоти“ кои не носат никаква промена, па затоа никој не верува дека подобро ќе владеат, а СДСМ има шанса да оствари добар резултат.

„Ги слушам по телевизии кажуваат едно, на состаноци во партија кажуваат друго, а во амбасади трето. Едвај чекаат да го преживеат овој период до изборите лажејќи на сите страни само за да не ги откријат во вистинските намери. Наша обврска е да ги разоткриеме лажните патриоти“, истакна Филипче во Валандово.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира