Oтворен летниот камп за влашка култура – „Младите сакаат да учат влашки јазик“


Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски се обрати на отворањето на летниот камп на влашката култура кој се организаира од Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ.

„Влашкиот во Крушево се слуша насекаде. Во центарот на градот, во кафулињата и рестораните, во општината и во мојот кабинет. Но, претежно од повозрасни наши сограшани. Затоа денес се радувам што пред себе гледам многу млади и деца кои го изучуваат и зборуваат влашкиот јазик. Сигурен сум дека се чувствувате многу побогати со тоа што знаете влашки и се радувате на секој час по влашки јазик.“, изјави градоначалникот Христоски во поздравното обраќање.

На летниот камп кој се одржува од 13-ти до 17-ти јули во Охрид учествуваат и 28 деца од Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира