Во средата имавме необична вечер во срцето на градот со концертот „Summertime in Prilep“ во изведба на квинтетот „The Jazz Fun Momentum“ кој е релативно нов состав, најпрво на иницијатива на тројца музичари, Филип Бирнески-тапани, Катерина Попоска-вокал, Гаралоски Кире-бас, ентузијасти за светската музика, но со една заедничка цел кои се стремат да направат моментум движење на оваа алтернативна сцена што е многу малку застапена како култура и движење на нашите простори.
Во оваа движење се приклучуваат и ротираат уште музичари како Давид Скерлевски од Битола -пијано, Борис Миленкоски Пулич- саксофон , Ристо Крстевски од Битола – пијано.
Синоќешниот концерт беа изведени познати џез теми од Lulluby of Birtland, Cheek to Cheek, љубовната тема The shadow of your smile, но и македонски теми „Девојко љубов ми вети ти“, „Во една пролет“ во џез обработки, како и тема „Nocturnal Joy“ на познатиот композитор и пијанист Васил Хаџиманов.
Станува збор за академски музичари професиналци кои доаѓаат од различни состави (во кои тие активно работат) и имаат големо искуство во повеќе жанрови кои несебично го посветиле својот живот на музичката дејност.
„The JF Momentum“ има за цел подигање на музичката култура и свест во нашиот град и да биде вистински пример за идните помлади генерации.
„Summertime in Prilep“ е проект на Здружението за музичка едукација „Алто арт“ од Прилеп.
„Голема благодарност до клубот „Калинка“, која поради временските прилики-неприлики, ни овозможи да биди искористен нивниот просторот за реализација на истиот. Голема благодарност и до Општина Прилеп која финансиски го поддржа проектот „Summertime in Prilep“. Cheers to many more“, велат од составот.