Двајца возачи фатени како возат без возачки дозволи во Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

На 18.05 2026 во 12:30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп, на ул.„Велко Јанкулоски Стариот“ во Прилеп го лишиле од слобода К.Ф.(40) од Прилеп. Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи” со прилепски регистарски ознаки управувано од К.Ф. при што констатирано било дека истиот го управувал без возачка дозвола.

Истиот ден во 17:20 часот на пат Прилеп – Градско полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.И.(44) од с. Желино, тетовско. Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено” со тетовски регистарски ознаки управувано од С.И. при што констатирано било дека истиот го управувал без возачка дозвола.

По документирање на настаните против истите ќе следува соодветен поднесок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци