Јазикот на прилепската чаршија – работна активност на осмоодделенците од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Учениците од осмо одделение од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп добија задача да го поврзат правописот со реалниот живот, истовремено развивајќи јазична култура преку критичко набљудување на јавниот простор во Прилеп.


Оваа активност во еден час по македонски јазик успешно ги поврзува социолингвистиката, правописот, медиумската писменост, културата на изразување и локалниот идентитет.

 

 

 

 

Учениците ја посетија прилепската чаршија и направија набљудување на јазикот и на натписите кои се поставени на дуќаните и излозите. Се правеше анализа на правописните грешки (неправилно пишување на голема буква, погрешна интерпункција, мешање кирилица и латиница, англицизми напишани ,,по слух”, неправилна транскрипција итн., потоа дали се употребува кирилица или латиница – статистика за натписите (колку се напишани само со кирилица, колку само со латиница, колку комбинирано, колку имаат англиски имиња и сл.) Се разгледуваше и јазикот на рекламите  (дали звучат учтиво, дали премногу се користат англицизми, како се привлекува внимание, дали користат жаргон и др.) На кој дијалект или стандарден јазик се нашишани (да забележат дали се користат локални зборови, дијалектни форми, народни изрази и др.) А беа направени и интервју со дуќанџиите (им поставуваа кратки прашања од типот): – Зошто го избравте ова име? Зошто е на англиски/латиница? Дали размислувате за кирилична верзија? Дали муштериите повеќе сакаат ,,модерни” имиња?

 

 

На овој начин учениците вежбаат: културна комуникација, формулирање прашања, усно изразување. По теренската настава добија задача да изработат есеј со наслов: „Што ни кажува чаршијата за нашиот јазик?”

А исто така се дискутирашеми за тоа дали градот „зборува“ на македонски? Дали кирилицата исчезнува? Што значи да се негува јазикот? Дали јазикот во јавниот простор влијае врз младите?

Реализатор и ментор на целаат активност беше наставничката по македонски јазик од ова училиште Наташа Кулевска.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци