Борозан доживеа сообраќајна несреќа, ќе паузира три недели

Facebook
Twitter
Email
Print

Вуко Борозан синоќа доживеа сообраќајна несреќа во близина на Цетиње, а денеска за првпат се огласи за црногорските медиуми, истакнувајќи дека има причина да биде среќен и загрижен.

 

Ракометарот на Вардар и репрезентативец на Црна Гора го возел автомобилот, кога поради замрзнатиот коловоз, загубил контрола над возилото и излетал од патот.

 

Во целата оваа несреќа, Борозан имал и среќа, бидејќи не е премногу повреден. По направените прегледи, констатирано е дека има скинат мускул на квадрицепсот на десната нога и сигурно го очекува мирување од две до три недели од спортските терени, што значи дека сигурно го пропушта Европското првенство кое се игра следниот месец во Хрватска.

 

Борозан сепак би требало да биде подготвен за големото дерби на Вардар кај Барселона кое се игра на 10. февруари.

 

„Денеска сум подобар, подобро е. Мора да паузирам три недели, потоа ќе видиме“, изјави Борозан за црногорските медиуми.

 

Тој ја доби наградата за најдобар спортист на Црна Гора во 2017. година, само неколку часа откако беше повреден во сообраќајна несреќа, поради која може да го пропушти Европското првенство.

 

„Ова сигурно е мојата најдрага награда во најдобрата година во мојот живот. Покрај добрите резултати со Вардар и репрезентацијата, неодамна и се оженив, па ова е најубавиот подарок за мојата венчавка“, изјави Борозан.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи