Леонардо ДиКаприо и Квентин Тарантино заедно ќе работат на нов филм

Откако го освои Оскарот за „The Revenant“, Леонардо ДиКаприо не работеше многу. Но сега наиде на шанса која не сакаше да ја пропушти и се договори со познатиот режисер Квентин Тарантино за улога во неговиот нов филм.

 

Помеѓу останатите актери кои се очекува да потпишат договор за појавување во филмот на Тарантино се наоѓаат Бред Пит и Том Круз. Бред Пит и Тарантино соработуваа и во филмот „Inglorious Basterds“, додека Том Круз е долгогодишна желба на Тарантино и досега многупати се споменуваше неговото име кога беше во прашање кастингот за филмовите на режисерот.

 

Детали за заплетот или конкретната приказна на филмот засега не се познати, но се знае дека премиерата на филмот ќе биде на 9 август 2019 година, затоа што тогаш се одбележуваат 50 години од смртта на Шерон Тејт.

 

Новиот филм на Квентин Тарантино ќе следи приказна која се случува во текот на летотот 1969 година во Лос Анџелес, непосредно пред култните убиства на бандата на Чарлс Менсон.

 

ДиКаприо ќе ја игра улогата на постар актер и ќе се појави во филмот заедно со неговата партнерка од филмот „Wolf of Wall Street“, Марго Роби, која се очекува дека ќе ја толкува улогата на Шерон Тејт, актерката која беше убиена од култот на Чарлс Менсон.

 

Двајцата соработуваа претходно во филмот „Django Unchained“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи