Нови засилувања во Победа бразилецот Лукас Силва Сантос Жуниор и Исаевски

Прилепска Победа денес го обезбеди потписот и документацијата за младиот 22 годишен офанизвец Лукас Силва Сантос Жуниор. Тој синоќа пристигна во Прилеп, утрово го одработи првиот тренинг, го потпиша договорот со Победа а попладнево со своите нови соиграчи го одработи и првиот тренинг во новиот клуб.

 

„Лукас беше желба на Победа на стартот на преодниот рок, за трансферот да се реализира пред истекот на периодот за трансфери. Откако се покажа во добро светло, одработи подготовски со српскиот прволигаш Раднички Ниш во Анталија каде и одигра неколку натпревари но не пронајде заеднички јазик околу условите, се реши да ја прифати понудата на Победа. Се очекува со неговиот ангажман Победа да добие на инвентивност и квалитет плус во офанизивниот дел, оној препознатллив бразилски шмек на кој прилепчани 90-тите години ги навикнаа покојниот Оливеира и Жилсон.Силва, кој е полушпиц , настапувал за Арсенал МГ и Униао Лусензе“, информираат од ФК Победа.

 

 

Прилепскиот прволигаш денес го обезбеди и 9-тото засилување во тековниот преоден рок, комплетното пополнување на играчкиот ростер е при крај со ангажманот на 23-годишниот левоног страничен фудбалер Александар Исаевски.

 

„Тој долго време живеел и кариера изградил во САД настапувајќи за колеџ екипи со забележителен успех-во две сезони околку 40 натпревари и 9 голови. Во Победа доаѓа по есенските 14 натпревари за Македонија ЃП, а особено по поволниот впечаток на пробниот меч со Дрита во Охрид“, додаваат од ФК Победа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи