ВИДЕО – „Клетници“ од прилепскиот театар победник на 53-тото издание на „Војдан Чернодрински“

Претставата „Клетници“ во изведба на прилепскиот театар, а во режија на Мартин Кочоски и победник на годинешното 53-то издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Од жирито во состав Мими Таневска Србиновска, како претседател и членовите Јасна Новаков и Драган Спасов – Дац рекоа дека секое жири има улога вистинските награди да одат во виситинските раце.

 

 

„ Тоа значи и трасирање на патот по кој треба да одат идните генерации, по кој треба да се движи театарот. Во таа смисла ние се обидовме да го направиме токму тоа, значи наградите да одат токму во вистинските раце, односно во оние кои навистина ги заслужуваат“, рече Мими Таневска Србиновска, претседател на жирито.

 

Од прилепскиот театар истакнаа дека се среќни и дека секоја награда претставува мотив за уште поплодна работа.

 

„Чувство е, не се раскажува. Се осеќа и во секој случај ни значи премногу оваа награда. Соработката со Мартин Кочовски веќе е нешто кое е сосема природно за прилепскиот театар“, кажа Милан Секулоски, актер во прилепскиот театар.

 

Надворешниот член на жирито Јасна Новаков, извршен директор на „Ѕвездара“ театарот истакна дека овој град и овој фестивал имаат една драгоценост која многу поголеми фестивали ја немаат, а тоа е стручна театарска публика.

 

„ Овој град и овој фестивал имаат една драгоценост која многу поголеми фестивали од овој ја немаат. Тоа е публика каква што многу фестивали ја посакуваат, но ја немаат. Се гледа дека тоа е една стручна театарска публика и тука лежи иднината на овој фестивал“, вели театрологот Јасна Новаков, извршен директор на „Ѕвездара“ театарот и член на жирито.

 

Наградата за режија ја доби Диего Де Бреа за претставата „Крал Лир“ во изведба на турскииот театар од Скопје. Наградата за главна машка улога ја доби Сашко Коцев за улогата на Чики во „Ничија земја“, а наградата  за женска главна  улога ја доби Ангела Наумоска за улогата во претставата „Клетници“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи