Џ.К. „Бушидо“ ќе учествува на меѓународниот турнир „Struga Open“ 2018

Џ.К. „Бушидо“ од Прилеп со несмалено темпо продолжува со своите настапи на меѓународните турнири. Утре 18 учесници од овој клуб ќе учествуваат на големиот меѓународен турнир „Struga Open“ 2018 на кој се најавени да присуствуваат над 500 џудисти од повеќе држави : Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Турција, БиХ, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, Шведска, Романија, Холандија и други.

 

Џ.К. „Бушидо“ ќе се натпреварува во категорија деца, помлади и постари пионери.

 

Овој викенд членовите на „Бушидо“ ќе учествуваат и на Меѓународниот џудо Камп-Семинар за помлади пионери-ки и пионери-ки, „ПРИЛЕП-2018“ кој го организира Џудо Клубот СЕИШИН од Прилеп во соработка со Џудо Клуб „ЏУНС“ Нови Сад.

 

Наредната недела пак во Скопје ќе се одржи училишното џудо првенство за ученици родени од 2003 до 2011 година, на кое што исто така дел ќе бидат претставниците од џ.к. „Бушидо“.

 

Големиот број освоени медали, учеството на големиот број државни и меѓународни турнири и првенства во изминатиов период, како и учеството на европскиот куп го потенцираат брзиот раст на џ.к. „Бушидо“ за многу краток период и се само уште еден показател за добрата перспектива која ја има овој клуб и неговите членови.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи