ВИДЕО – Масовни кражби на тутун во Прилеп, тутунарите обвинуваат за неажурност на полицијата

Жителите на прилепската населба Чачорица се жалат на како што велат неажурноста на полицијата. Иако 3 години со ред масовно се крадел тутун кој се суши на скелињата, досега не бил решен ниту еден од овие случаи. Последниот грабеж бил извршен пред два дена кога на прилепчанецот Томе Бубрегоски му биле украдени 155 низи со тутун. Иако настанот уредно го пријавил во полиција таа не несакала ниту да изврши увид.

 

 

„А од друга страна ние плаќаме и даноци и се на оваа држава, а не сме заштитени од тие кои треба да не заштитат, тоа во овој случај е полицијата. Кога тие би дошле тука и би направиле увид тоа би било друга работа. Ние имаме и осомничени лица кои ги посочивме кај полицијата и им рековме да извршат увид кај нив, тие ни рекоа дека тоа не одело толку лесно, незнам што. Јас се прашувам до кога ова ќе оди вака?“, вели Томе Бубрегоски, тутунар од Прилеп.

 

Бубрегоски живее само од тутунопроизводство. Имал засадено 26 декари. Вели дека вп населбата освен тутун на големо се краделе и други работи, но полицијата до сега немала откриено ниту еден криминалец.

 

„Ми украдоа 3-4 акумулатори, ми го искинаја најлонот, 3 години по ред ми крадат тутун, комбето ми го отворија, ми го украдоа радиото, алати незнам колку ми украдоа, значи имам пријавено 6-7 кражни и ниту една не е решена досега“, додава Бубрегоски.

 

Синоќа тутун и бил украден и на Весна Мицеска и таа се жали на одност на полицијата. Прашува зошто и покрај толку многу пријававени случаи за кражби полицијата не воведе патроли во населбата.

 

„Направивме записник е се сведува на тоа. Која е гаранцијата дека вечер нема истото да се повтори. Утре пак јас од нива кога ќе си дојдам ќе треба да правам записник во полиција ? И така до кога, до бескрај ? Каде се тие маалски полицајци кои беа најавувани. Немаме видено ниту еден полицаец тука или пак патрола да помине“, кажа Весна Мицеска, тутунар од Прилеп.

 

Од СВР Битола велат полицијата на секоја пријава излегувала на терен и дека се работело на случајот. Бидејќи ова било помала кражба делото се гонело по приватна тужба. Неофијално дознаваме дека дел од тутунарите во друга населба во Прилеп поради кражбите на тутун започнале со изнајмување на приватно обезбедување кое им ги чува скелињата.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien