Муслиманските верници го слават празникот Курбан Бајрам

Facebook
Twitter
Email
Print

Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.

 

Овој ден, како што уште се нарекува Празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромасите. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – намаз, со која верниците бараат милост од Алах.

 

Првиот ден на Курбан Бајрам, 21 август е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

 

На верниците големиот празник им го честиташе и државниот врв.

 

Претседателот Ѓорге Иванов порача: „Македонија е земја која има вековна традиција на соживот помеѓу различни верски заедници. Почитувајќи ги верските разлики, упатуваме силна порака на градење на соживот и меѓусебно разбирање, бидејќи само така, сплотени и единствени ќе успееме да изградиме посветла иднина за сите граѓани.

 

Првиот човек на Собранието Талат Џафери, пак, вели дека Курбан Бајрам е празник кој ја симболизира индивидуалната и колективната солидарност и сочувство. Посака хармонијата и разбирањето, и заедно да се гради држава која ќе биде вистински дом со еднакви демократски права, стандарди и вредности за сите граѓани.

 

Премиерот Зоран Заев посака празникот да потсети дека добрината кон другиот треба да биде водилка, за да може општествена заедница да се гради како едно општество за сите, во кое секој граѓанин ќе има еднакви услови за живот, среќа и реализација на сопствените амбиции.

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека соживотот и толеранцијата траеба да се основите работи кои треба да се остават за идните генерации. Според него, треба да се стави крај на поделбите и омразата,  фокусот да биде на она што е подеднакво важно за секој еден граѓанин – потребата за подобар живот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи