Највеселото такси пристигна во Витаминка

Познатото возило од Витаминка и Тамаро летното такси, пристигна во кругот на прилепската компанија. Брендираното Рено 4 си ја заврши својата летна мисија и сега ќе биде атракција во дворот на фабриката.

 

Највеселото такси во текот на месеците јули и август нудеше вистинска забава на охридските плажи. Избрендираното Рено 4 во боите на Витаминка, Тамаро и Супер радио секоја недела посетуваше некоја од познатите охридски плажи каде на заинтересираните летувалци и туристи, водителот Жанко ЗШ Голабоски,  им делеше од вкусните производи Стоби Флипс и  Магнус.

 

Летното Витаминка такси имаше и ноќна мисија, еднаш неделно за сите кои го сопреа возилото во вечерните часови, се возеа бесплатно до саканата дестинација, а притоа исто така си добиваа и многу Витаминка производи.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи