Меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на југоисточните европски земји“

Младински Сојуз–Крушево, во соработка со Фондација Фридрих Еберт, канцеларијата Скопје, како  и поддршка од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа преку Германска амбасада Скопје, програмата ЦИВИКА Мобилитас и Агенција за млади и спорт, организира Меѓународна младинска конференција “Европски вредности за иднината на југоисточните европски земји”. Конференцијата ќе се одржи од 27-ми септември до 1-ви октомври 2018 година, по 16-ти пат традиционално во Крушево, со свечено отварање на 27-ми септември во 18.00 часот.

 

На конференцијата ќе присуствуваат педесет и осум (58) активни младински лидери од 16 земји (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Франција, Грција, Германија, Косово, Црна Гора, Италија, Полска, Романија, Србија, Словенија и Турција) кои ќе дискутираат во Крушево за тоа како младите лидери можат да го поддржат процесот на Евроатланска интеграција на регионот. Конференцијата ќе резултира со препораки и предлози за промоција на Европските вредности, насочени кон лидерите и младите луѓе од регионот.

 

Говорниците на конференцијата се: Никола Димитров, Министер за надворешни работи на Република Македонија; Ранко Остојич, поранешен Министер за внатрешни работи на Република Хрватска; Мерсиха Смаилович, активист за човекови права; Дејан Јович, професор по политички науки во Загреб и многу други интернационални, регионални и локални гости.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien