ВИДЕО – Еурокомпозитовци : Ова е срамота, оставени сме буквално сами на себе на улица, без плати и без здравствено осигурување

Ова е срамота, оставени сме буквално сами на себе на улица. Ја молиме власта под итно да ни помогне. Немаме плата, немаме придонеси, ниту работа. Вака денеска се пожалија 60-тина преостанати вработени во државната компанија Еурокомпозит кои повеќе месец и половина се пуштени на принуден одмор бидејќи фирмата нема работа.

 

 

„Подолг период ги молиме, буквално ги молиме и директорот и претставниците на управнииот одбор и сите пратеници, упорно цело време ги молиме да имаме некоја средба бидејќи сме оставени буквално на улица, сите имаат повеќе права од нас. Немаме ниту здравство, ниту пензиско, ни плата земаме, ниту вработени, ниту невработени сме“, истакна Горан Велески, вработен во Еурокомпозит.

 

За цела 2019-та немале земено ниту една плата, се што добивале бил заостанат долг. Сега повторно имале за земање уште 20-тина плати или по околу 4 до 5.000 евра по вработен.

 

„Значи крајно несериозна е Владата бидејќии не сака да го реши проблемот за овие 64 луѓе. Повеќе од 4-5 месеци нема работа никаква, не знаеме што да правиме. Работа нема, здравство нема, директорите си седат во канцеларии, а вработените се пуштени на принуден одмор. Излегуваат на телевизија пратениците се фалат дека е донесен Законот за нас, дека е излезен во Служен весник, но до денес по 4 месеци немаме ниту стаж платен, ниту плати, нитиу придонеси. Не е ефектуиран Законот за придонесите бидејќи претставникот на државниот капитал си дал оставка, а без претставник не можело да се свика собрание да се реши проблемот. Претставникот е повлечен на 4 декември, а од тогап нов не е поставен“, додаде Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.

 

Вработените во Еурокомпозит обвинуваат и тоа дека се започнало со продажба на одредени репроматеријали во компанијата. Не се знае зошто се продаваат, ниту пак за што ќе се употребат парите.

 

„Имаме сознанија дека од фирмава се изнесуваат одредени репроматеријали, а кои нас ќе ни бидат потребни за работа. Ги продаваат на други фирми, парите велат дека наводно биле во фирмата, но и да се еве тие репроматеријали ако ни притребаат утре за работа ние ќе гии немаме зашто за да се купат се чека со месеци“, рече Зоран Бошески, , вработен во Еурокомпозит.

 

Вработените во Еурокомпозит велат дека ако продолжи оваа ситуација планираат да ги обноват протестите.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи