ВИДЕО – Прочка се откажува, а не се одложува – граѓаните поделени во ставовите

 

Поради коронавирусот се откажува одржувањето на Меѓународниот карневал „Прочка 2020“ во Прилеп. Од Општината велат дека иако оваа година се очекувало во двата карневалски денови под маска да продефилираат на 1.000 учесници од Македонија и странство, а за прв пат беа најавении и делегации од Германија, Холандија и Украина поради препораките на Министерството за здравство овој спектакл морал да биде откажан.

 

 

„На жалост на сите денес моравме да им кажеме дека го откажуваме овој голем настан, кој што со нетрпение сите, посебно гостите, учесниците, граѓаните го очекувавме. Се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните на општина Прилеп, на сите граѓани кои што ќе беа присутни како гости и на сите оние учесници од земјата и од странство“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Граѓаните поделени во ставот околу откажувањето на фестивалот.

 

„Жалосно што ќе се откажи, ама за превентива мислам дека е добро“, вели еден граѓанин

 

„Не треба да се одложува, се уште ништо нема овде кај нас и не треба да се одложи“, рече една граѓанка.

 

„Тоа е тоа, ние со душа чекаме, еден месец се спремавме за карневалот. Струмица е откажан, овде прилепскиот е откажан. Колку гости имавме покането, на сите им откажавме. Тоа е штета за градот“, додаде трет прилепчанец

 

Од Општината потенциираат дека Карневалот за годинава не се одложува туку се откажува, бидејќи традицијата за маскирањето е врзана за самиот ден Прочка.

 

„Ние го откажуваме оваа година, нема да го одложиме, го откажуваме затоа што нема смисла одложувањето на карневалот, а ние го славиме само за Прочка. Не знам за Струмица, ама за Прилеп ние го откажуваме оваа година, се надевам за наредната година ќе биде одржан“, додаде градоначалникот Јованоски.

 

Освен карневалот се забрануваат и сите други масовни собирања и настави во наредните 7 дена.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи