ВИДЕО- СОУ „Ѓорче Петров“ – 5 струки и 8 профили, одлични услови за учење преку спој на теоретската и практичната настава


Денеска се одржа Отворен ден за сите 9-то одделенци во СОУ „Ѓорче Петров“ за можностите и перспективите кои ги нуди ова средно училиште во Прилеп.

„Денес е отворен ден во СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп. На овој ден нашите ученици се претставуваат себе си, но и ги претставуваат струките и образовните профили во нашето училиште. Оваа година ќе запишеме ученици во 5 струки и 8 профили, од кои во здравствената струка 3 профили и тоа медицинска сестра, физиотерапевтски техничар и фармацевтски техничар. Во струката лични услуги – козметички техничар и фризер. Фризер е профил со 3 годишно траење, сите останати се со 4 годишно траење. По еден профил имаме во шумарско дрво-преработувачката, текстилно-кожарската и во геолошко рударската струка.

Училиштето располага со одлични ресурси, сите училници се дигитализирани, во секоја училница имаме ЛЦД проектор, смарт табла, телевизор. Сите кабинети се современо опремени со компјутери, телевизори, табли, се што е потребно. Училишни материјали се набавени во текот на изминатите 2 години, нагледни средства и наставно-образовни помагала за сите струки и за сите образовани профили, а обезбедени се и кабинети од кои сите се во училиштето, за сите струки и за сите профили.

Најново да се пофалиме дека и мини погонот за изведување на практична настава за текстилно-кожарската струка, кој се наоѓаше во нашиот објект до економското училиште сега е донесен тука, така што учениците можат да ја изведуваат практичната настава во училиштето.

Зошто би се запишале учениците во нашево училиште? Затоа што наставниот кадар е целосно посветен на воспитно-образовната дејност во училиштето, на теоретската и практичната настава, на наставните и вон-наставните активности. Во училиштето работи драмската секција која трае повеќе од 20 години и која освојува награди секаде каде што ќе се пријави да учествува. Бендот на училиштето – The Doctors, кој не придружува на сите настани во училиштето, свири во холот на училиштето на сите празници. Имаме и спортски екипи кои учествуваат на натпревари и многу често освојуваат награди. Исто така учениците имаат можност да учествуваат на регионални и државни натпревари, каде освојуваат награди“, изјави Жанета Видеска, директорка на СОУ „Ѓорче Петров“.

 

„Нашето училиште на има здравствената струка, претставена со 4 паралелки, 2 медицински сестри, 1 терапевтски техничар и 1 фармацевтско-лабораториски техничар. Деветтооделенците кои имаат намера да се запишат во нашето училиште треба за медицинската струка да имаат минимум 70 поени. Во нашето училиште се започнува со практична настава од 2 година, во овој кабинет каде сега сме присутни, додека 3 и 4 година соработуваме со Општа болница Прилеп и со нашите матични лекари и приватните здравствени установи. Нашите ученици по завршувањето на училиштето имаат можност да се запишат на некоја од медицинските гранки, или да одберат некоја струка по свој избор“, додаде Тања Крстека Најдоска , професор во здравствена струка.

 

„Нашето училиште располага со повеќе сектори, од кои еден од нив е и здравствениот сектор и социјална заштита. Од здравствените сектори ги имаме профилите на медицинска сестра, физиотерапевтски техничар и фармацевтски техничар. Минимум за запишување на овој профили се потребни 70 поени. Нашиот образовен систем се темели на теоретска настава која се извршува во училиштето, каде се стекнуваме со општи предзнаења за нашата струка и различни предмети. Потоа имаме и практичен дел кој ќе се извршува во здравствени установи. Првиот практичен дел се извршува овде во 2 година, во кабинетот за практична настава каде децата се стекнуваат со вештини кои ќе треба да ги применат на работа на пациенти во болница. Практичната настава се извршува во градската болница и ќе помогне да се развие поголема љубов кон професијата, се добива диплома која е важечка и овде и во странство, а исто така веднаш по завршување на нашетоп училиште можете веднаш да се вработите. Сепак оваа професија е една од најхуманите професии и може да се работи само со љубов“, рекоа дел од учениците од оваа струка.

 

„Во струката здравство и социјална заштита се нуди профилот физиотерапевтски техничар, 4 годишно модуларно образование каде што се потребни вкупно 70 поени за запишување. Составен е од теорија и практична настава, практичната настава се одржува дел тука во салонот за масажа во нашето училиште, додека пак другиот дел се одржува во ЈЗУПД Општа болница Прилеп, на одделот за физикална медицина. Таму учениците работат со ментори, тука ние сме задолжени за нивното образование. Физиотерапевтот е стручно лице кое се занимава со превенција, со терапија, рехабилитација на разни болести, на локомоторниот апарат и невролошки заболувања и слично. Струката е доста барана, бидејќи овозможува вработување и во државното здравство, но и приватно здравство, односно учениците веднаш по завршувањето можат да си отворат свои приватни салони, да работат и заработуваат приватно. А воедно можат и да се запишат на некоја од високите образовни институции во нашата држава, на медицина“, вели Никифор Велкоски, професор по физитерапија

 

„Јас ја одбрав оваа струка затоа што ме интересираше уште како мал, посебно масажата и кинези-терапијата. Јас се гледам како иден физиотерапевт затоа што сакам да продолжам со оваа струка и да го работам ова. Во ова училиште се запишав затоа што е доста интересно, праксата ја изведуваме во нашата болница, таму имаме 3 оддели, за масажа, кинези-терапија и електро-терапија и цела теорија која ја учиме таму ја применуваме во пракса“, истакна Трајче Велкоски, физиотерапевтски техничар.

 

„Во струката фармацевтски техничар, услов кој е потребен за учениците да се запишат потребни се 70 поени минимум. Нашата струка се состои од тоа што имаме практична настава која се изведува во училиштето, а исто така и практична настава која се изведува во аптеките, во соработка, по предметот учење преку работа кај работодавач. За запишување на оваа струка оваа година имаме 34 ученици и после завршувањето на средното училиште нашите ученици веднаш може да почнат да работат во некоја од аптеките, или може да завршат и да се запишат на некој соодветен факултет“, изјави Венера Николова Мишачкоска, професор по стручни предмети фармација.

 

„Фармацевтскиот техничар се учи 4 години. Одржуваме практична настава и во лабораторија и во аптеките, како работници. Може да се запознаеме со различни реакции кои изведуваме во лабораторијата, работиме со докажување на разни јаглехидрати, протеини, работиме и со лекови, изработуваме хербариуми. Убаво е да се запишете во фармацевтската струка поради тоа што имате диплома на крајот после 4 година и може да се вработите со истата“, кажа Леонтина Конеска, фармацевтски техничар.

 

„Оваа струка е од дуална паралелка, што значи сите ученици кои ќе се запишат се помогнати со стипендија од МОН во вредност од 3.500 денари. Другото значење на дуалната паралелка е што имаме повеќе практична настава, а помалку теорија, односно учениците имаат 2 дена практична настава во текот на неделата, а останатите денови се теоретска настава. Пред се најмногу децата се стекнуваат со креативни вештини, односно од нивни замислени идеи и модели доаѓаат до еден готов производ. Оваа струка, да го разбиеме стереотипот, не е онаа текстилно-кожарска струка каде имаме директно шиење на машини, пред се ни е креацијата на модели, дизајнирање, цртање и затоа во нашето училиште имаме постојано изложба на цртежи, модни ревии кои ни се случуваат и затоа кажувам дека секоја треба да дојдеме од идеја до производ, односно цртеж и готов производ“, посочи Наташа Мирческа, професор по стручни предмети во текстилно кожарската струка.

 

„Овој сектор мене ми овозможува да си ги отставарам своите желби и да научам да креирам, моделирам, дизајнирам и најважно од се, да изработувам облека. Јас би сакала да продолжам на некој факултет со истата струка, да ја качам на многу повисоко ниво, бидејќи мислам дека е вредно, интересно, јас го сакам тоа што го правам и мислам дека вреди да го продолжам. Покрај тоа што ви го кажа Тамара, јас ќе се надополнам дека паралелката е дуална, со зголемен фонд на часови по практична настава и активна соработка на компаниите во текстилната индустрија. За да се запишете потребни ви се 45 поени, а учениците земаат стипендија од 3.500 денари месечно. Креативноста и естетиката се на прво место, па ние сме идни модни дизајнери, моделари и технолози“, кажаа дел од учениците во оваа струка.

 

„Струката подразбира 2 профили, техничар за козметичка нега и убавина кое е 4 годишно образование. Учениците се оспособени после завршувањето да се вработат самостојно, или да го продолжат своето образование. За упис во оваа струка потребни се 45 поени, додека за другиот профил – фризер, потребни се 35 поени. Учениците кои учат во нашето училиште се оспособуваат и стекнува знаења и вештини, изведуваат практична работа, се запознаваат со теоретскио дел, така што оние деветтооделенци кои се заинтересирани да го продолжат своето образование ги поканувам да се запишат во нашето училиште, бидејќи оваа струка е атрактивна, нуди многу можности и добра заработка“, изјави Даниела Зојческа, професор по стручни предмети во струката лични услуги.

 

„Оваа струка би ја препорачал поради тоа што во иднина може да отворите свој берберски или фризерски дуќан, едноставно услови се предобри, професорите се предобри, убаво објаснуваат и се учи. Имаме практична настава, преку летото одиме во фризерски салони кај бербери со искуство“, додаде еден ученик.

 

„Во оваа струка се изучуваат материјалите кои се потребни за производство на мебел и ентериер. Работиме техничко цртање, дигитално цртање, имаме и практичен дел во неколку салони за мебел во Прилеп. За да се запишат учениците во на оваа струка им требаат минимум 45 поени. Го изучуваме просторот, решение за просторот, организација на просторот, се она што вклучува внатрешен ентериер. По завршувањето на средното образование нашиет ученици имаат можности да работат како дизајнери, дизајнери на мебел, дизајнери на ентериер, имаат можности да работат во пилани, работилници, секаде каде што има од основна преработка за мебел, па се до напредна“, потенцираше Наталија Матракоска, професор по стручни предмети во шумарско дрво преработувачката струка.

 

„Нашата струка нуди еден профил, геолошко-рударски техничар, за кој е потребно 45 поени за да се запишите. Имаме дуален модел на образование во нашиот профил, имаме зголемен број на практични часови кои се одвиваат во компанијата Фимар Балкан. По завршувањето на нашата струка учениците се со големи шанси за вработување доколку се пронајдат во истата бранша, а исто така земаат и стипендија од 3.500 денари. Значи професијата напрво во нашиот регион е доста барана, дефицитарна е, имаме доволно концесии на кои им треба млад кадар, а исто така се и доволно платени. Значи имаме голема побарувачка и во Прилеп, но и во Македонија“, истакна Мартин Петрески, професор по геолошко рударска и металуршка струка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи